Ова е вашето место во маркетите - Македонија по примерот на Данска

И македонските маркети дополнително почнаа да ги означуваат подовите со предвидено место во растојание за заштита на безбедноста и здравјето на клиентите и на вработените.

Маркетите во земјава почнаа да применуваат најразлични мерки за почитување на препораките од Владата за заштита од ширењето на коронавирусот. Во Кам маркетите е забрането да влегуваат одеднаш повеќе од 5 купувачи. Во маркетите може да се забележи и дека купувачите главно се држат до правилото за 1,5 метри оддалеченост, но и дека носат заштитни ракавици и маски.