Oва е ваш живот: 7 работи кои не смеете да им ги дозволувате на луѓето

Секогаш кога си имате работа со тешки или непријателски настроени луѓе, важно е да заземете став. Ова е ваш живот!

Можеби не можете да контролирате што прават другите, но можете да одлучите дека нема да стоите во некое ќоше со подвикан опаш! Можете да одлучите нивните дела и постапки да не влијаат на вашето срце и ум. А над сѐ, можете да одлучите покрај кого ќе чекорите утре, а кого уште денес ќе го оставите зад себе. Овие работи никогаш не смеете да им ги дозволувате на другите луѓе:

Не дозволувајте да ве вовлекуваат во непотребни расправии

Никогаш не трошете време обидувајќи се да им се објаснувате на луѓе кои очигледно веќе си создале некаква слика за работите. Не броете колку пати сте излегле како победник од кавги, туку колку пати сте рекле дека таа кавга едноставно е непотребно губење време.

Не дозволувајте да ве вовлечат во нивната негативност

Позитивноста е избор. Избирајте мудро. Бидете доволно мудри за да избегате од негативноста која ве опкружува, затоа што негативноста е лоша и за вас и за вашата благосостојба.

Не дозволувајте да ве малтретираат

Насилничкото однесување е ужасно и неприфатливо. Никој на овој свет нема право да ве малтретира. Никако не смеете тоа да го прифаќате, оправдувате и дозволувате.

Не им дозволувајте на пријателите да бидат неискрени со вас

Ако не се искрени, не се ваши пријатели. Не можете да ги бирате роднините, но пријателите можете да ги бирате. Бидете пријатели со оние кои го заслужуваат тоа.

Не дозволувајте истите луѓе постојано да ве лажат

Ако фатите некого во лага – не премолчувајте! Некои луѓе постојано ќе се обидуваат да ве лажат за да остварат свои интереси. Бегајте од нив.

Не дозволувајте да ве искористуваат

Понекогаш луѓето не ги забележуваат работите кои ги правите за нив, сѐ додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро! Заслужувате луѓе со кои можете да се смеете, луѓе кои не ве земаат здраво за готово и луѓе кои нема да ве остават на цедило.

Не им дозволувајте на другите да ве убедуваат дека промените се лоша работа

Она што не можете да го промените обично ве променува вас. Промените се случуваат со причина. Носете се со нив. Тоа не е секогаш лесно, но обично се исплати.