Ова е „туморот“ на општина Ѓорче Петров

- Ова е ”туморот” на општина Ѓорче Петров, местото од каде што ”метастазира” загадувањето на целата општина. Може да се согледа дека со текот на годините констатно се зголемува, а во последните две години доживува кулуминација во целото постоење. Тоа се должи на фактот што рампите се кренати од двата влеза (од кај Ново Село и од кај н. Даме Груев) и што чуварската служба е елиминирана, реагираат жителите на оваа скопска општина.

Не често знае да се запали, а согласно кажувањата на граѓаните, личните сведоштва и медиумите, се фрла отпад од секаков карактер, дури и мрша и долна облека. Има остатоци и од градежен материјал, покуќнина и стар мебел.

Шпекулациите говорат дека камионите што депонираат отпад се на комапнии чии сопственици плаќаат ”под маса” за да може да ја уживаат таа ”привилегија”.

При самото палење и чадовите што се шират долж реката Лепенец ги опфаќаат централниот дел на општината како и дел од општината Карпош. Во тој регион живеат неколку десетици илјади жители и има неколку основни училишта, а ефектите се гледаат и на мерачите на воздух кои од вредноста од неколку десетини ПМ10 честички, скокаат на неколку стотици ПМ10 честички.