Ова е најновиот тренд за „вежбање“ во Англија

Ова се најдобрите вести за сите оние кои го сакаат спиењето. Британскиот клуб David Lloyd Clubs создаде вежба која се нарекува “napercise”, која е специјално дизајнирана за родителите кои имаат проблем со спиењето. Според клубот, ова навистина помага да се согорат калории.

Часот за вежбање трае 1 час  и вклучува 15 минутно растегнување, по што следи 45 минутно спиење со кревет, маска за очи, фина музика и просторија со температура која е погодна за спиење. Тоа е така бидејќи експертите од Американската асоцијација за дијабетес откриле дека намалувањето на температурата во собата за спиење придонесува за забрзување на метаболизмот и согорување на повеќе калории, додека сме будни.

Изгледа супер, но дали помага? Според сопствениците на овој клуб, дремката придонесува за многу здравствени бенефити, а помага и во намалувањето на нервозата, подобар фокус и концентрација, како и намалување на крвниот притисок.

Групите се пополнети, но доколку корисниците се задоволни, клубот најави слични активности во различни делови од Европа и САД.