Ова е најнеразбраниот хороскопски знак!

Водолиите се дефинитивно еден од најинтересни хороскопски знаци. Секогаш уникатни, посебни, креативни и најчесто пред своето време во секој поглед. Некои од најголемите иноватори и најголеми умови биле водолии.

Понекогаш околината ги смета за малку ексцентрични, своеглави и тешки за комуникација. Но, обично ова го велат тие што не ги познаваат, бидејќи нивната природа е авантуристичка, нивниот дух е слободен, меѓутоа нивното срце е навистина големо и широко.

Има многу причини за тоа зошто водолиите се најнеразбран хороскопски знак, меѓутоа ова се осумте главни причини:

1 . Водолиите се држат на растојание од луѓето

Но, тоа не е затоа што се бесчувствителни или не им е грижа за ништо, туку затоа што тоа е нивен одбранбен механизам. Водолиите се плашат да бидат повредени, па така и тешко примаат луѓе во својот живот, освен ако не се покаже дека навистина ја заслужиле нивната доверба. Останатите често ова го мешаат со ароганција.

2. Кога сакаат, сакаат со целата душа

Иако држат дистанца од луѓето и делуваат ладно и неповрзано со светот, тие се навистина многу чувствителни. Многу се внимателни кого пуштаат во својот живот, не се приврзуваат лесно, но кога ќе засакаат некого, сакаат безусловно и со целата душа. Ретко кој може да сака толку интензивно како водолијата, а тоа ги буни останатите затоа што секогаш имале впечаток дека водолиите се ладни.

3. Имаат големи соништа

Водолиите се познати како големи сонувачи. Познати се по тоа што имаат голема фантазија и постојано сонуваат за подобар живот, подобар свет и како тие можат да придонесат за тоа. Често се неразбрани од околината и луѓето им велат дека не е добро што толку сонуваат, но водолиите само одмавнуваат со рака, затоа што за нив нема ништо подобро од сонувањето.

4. Не можат да седат мирно

Водолиите не знаат за мрзливост, не знаат за лежење по цел ден. Тие мора постојано да бидат во  движење, постојано да имаат активности, постојано да имаат задачи. Тие сакаат да работат и се борат за тоа. Другите не сфаќаат од каде им е енергијата и желбата постојано а бидат активни.

5. Се радуваат на ситници

Водолиите повеќе ќе се израдуваат на чоколатце од „Животинско царство“ отколку на најскапата бонбоњера. Тие веруваат дека ситниците го прават животот и ја обожаваат природата и седењето на клупа во парк. Тоа ги прави посреќни од било што друго.

6. Лесно можете да ги повредите

И покрај тоа што имаат многу ѕидови околу себе и не пуштаат лесно луѓе во животот, сепак лесно можете да ги повредите. Нивните чувства, кога навистина ќе се појават, се многу интензивни и искрени. Тие не сакаат игри и скриени мотиви и затоа лесно се разочаруваат.

7.  Ужасно не ги бива за криење на чувствата

Да, ладни се и чудни за околината и тие кои не ги познаваат доволно. Тие не покажуваат никакви чувства кон странци, затоа што не дозволуваат да ги имаат, но кога станува збор за блиските луѓе, тие едноставно не знаат да се преправаат и да ги кријат чувствата. И затоа сите се чудат како можат да бидат толку ладни, но и толку емоционални во исто време.

8. Контрадикторни се

Да, како што можевте да забележите и од другите точки, тие се навистина контрадикторни и тоа е најголемата причина зошто луѓето имаат тешкотии да ги разберат. Ладни се, но длабоко чувствителни, сакаат да трчаат слободно, но посакуваат и стабилност. Не сакаат луѓе, но кога ќе се случи да засакаат, можат светот да го поместат. Да, често очекувајте недоследности кај Водолиите, но тоа е само уште еден додаток на нивниот шарм!