Метеоропатијата може посебно да биде опасна за луѓето со тешки заболувања затоа што може сериозно да им ја влоши здравствената состојба, па дури да доведе и до смрт.

Симптомите на метеоропатијата се манифестираа обично 24 и 48 часа пред промена на времето, посебно кај најчувствителните луѓе, а вклучува:

депресивна состојба

главоболка

вртоглавица

општа физичка слабост

хипертензија

зголемена чувствителност на болки во зглобовите и мускулите

влошување на симптомите на постоечки хронични заболувања

промена на расположение

нервоза

забрзана работа на срцето

Проблемите обично траат по ден-два, а подоцна организмот повторно се стабилизира.

Временските промени предизвикуваат електромагнетни бранови кои влијаат на хипоталамусот во мозокот и индиректно го зголемуваат излачувањето на хормонот за стрес, намалувајќи го хормонот за среќа ендорфин, што доведува до зголемена анксиозност, главоболки и други симптоми.

Една запричините за појава на метеоропатијата се смета и човековото одалечување од природата поради што организмот послабо се прилагодува на временските промени. Ако патите од метеоропатијаредовно следете ја биометеоролошката прогноза, така да можете да се подготвите и да ги избегнете, или ублажите симптомите кои ви се јавуваат.

Можат да ви помогнат различни растителни или природни дотатоци во исхраната. Пожелно е да започнете со земање барем три дена пред очекуваната појава на симптомите.

Гуарана

Екстрактот од семе на гуарана (Paullinia cupana) го елиминира заморот и го стимулира централниот нервен систем. Како природен стимуланс, гуарната се препорачува на лица под стрес. Се кроисти за подобрување на когнитивните функции и перформанси кај спортистите. Гуратаната ги опушта мускулите, ја намалува напнатоста, ги штити невроните, а се верува и дека позитивно влијае на сексуалната желба. Оваа била служи и како срцев стимуланс па помага на лицата со низок крвен притисок. Препорачлива дневна доза на прашок гуарана е од 0,5 до 1 грам. Лицаа кои патат од висок крвен притисок би требало да се консултираат со лекар пред да ја употребуваат.

Лецитин

Се препорачува лицата кои имаат болни зглобови, тешко се движат или се чувствителни на временските промени да користат Лецитин, кој исто така помага во подобрување на концентрацијата, меморијата и спречува појава на деменција. Лицата преосетливи на соја треба да земаат од 200 до 500mg, додека за остнатите препорачива доза е 1.200mg.

Растителни чаеви

Ако патите од метеоропатија секогаш при рака имајте чај од камилица или лимета, затоа што тие ја намалуваат нервозата и напнатоста. Пожелно е да започнете да ги пиете неколку дена пред појавата на симптомите. Чајот од вртипоп е одличен избор за оние кои патат од несоница и треба да се пие навечер.

Во случаи на појава на густа магла, луѓето со хронини заболувања, астматичари, би требало да избегнуваат престој надвор од домот, а им одговараат чаеви кои ја подобруваат циркулацијата, како чај од чили, гинки или ѓумбир.

Со наведените додатоци во исхраната и ачевите се препорачува земање на магнезиум и витамин Б, како и редовно вежбање кој исто така е лек против метеоропатијата.