Овој рецепт е многу едноставен, но и многу ефикасен во борбата против подочњаците.

Ако подобро погледнете во производите кои ги користите, ќе забележите дека сите тие содржат една важна состојка – сода бикарбона. Но, во нив таа е измешана со различни други состојки и хемикалии. Но, зошто не би ги прескокнале и не би ја искористиле во нејзината чиста форма?

Овој лек не може да ги реши генетски темните кругови, ниту кесите кои настануваат поради различни здравствени проблеми, но е многу ефикасен кај подочњаците кои се појавуваат поради ненаспаноста и имаат проблеми со темните кругови.

Што ви е потребно?

 - 1 шолја топол чај од камилица

 - 1 лажица сода бикарбона

Чајот треба да биде млак, но не премногу топол за да не ја оштети нежната кожа околу очите. Измешајте ја содата во чајот, па таа мешавина искористете ја за да натопите шамивче или тупфери кои ќе ги нанесете под очите. Бидете така околу 15 минути додека се одморите и опуштате. Потоа, измијте го лицето и ставете крема или некое природно масло, како кокосовото.

Уште по првото користење на овој лек вашата кожа под очите ќе биде посветла и поубава, а