Ова е Македонија, вака треба да се игра (ВИДЕО)

Европското машко ракометно првенство започнува денес во Полска. Првиот натпревар во Краков го игра токму нашата репрезентација против селекцијата на Франција.

Овие видео објавени на ЈуТјуб како и многу пати, така и сега ја покажуваат фантастичната игра на нашите момци и нивната борбеност, но и моќта на осмиот играч од трибините. Македонските навивачи кои со неверојатен жар им пружаат силна поддршка на сите репрезентациски натпреварувања на нашите екипи ги полнеа страниците на весниците ширум Европа.  И овој пат нека биде така, со истата страст и жар да ги бодриме нашите ракометари и да веруваме во нов голем успех.