Ова е љубовта во која јас верувам...

Верувам во љубов која заштитува и почитува. Сакам да знам дека тој секогаш ќе ми го чува грбот. Сакам да знам дека тој ќе ме брани дури и ако не можам да се одбранам сама и дека нема да дозволи пред него да кажуваат лоши коментари за мене, затоа што на крајот на денот, јас сум неговата девојка.

Кога некој ќе го повреди или ќе покаже непочитување кон него, јас ќе застанам и ќе го бранам на истиот начин како и тој мене.

Верувам во разиграна љубов полна со стаст. Љубов која е забавна и спонтана. Сакам да танцуваме во кујна додека готвиме. Верувам во доследна љубов. Љубов која не познава граници, љубов која не пречи. Сакам некој кој ќе биде покрај мене и во добро и во зло. Сакам да знам дека нашата љубов нема да избледи и дека нема да се распадне кога ќе дојдат тешки денови, туку дека ќе станува поцврста со текот на времето.

Верувам во љубов која делува низ недоразбирањата. Љубов која гледа на тие недоразбирања како можност за учење за нас. Неизбежно е дека ќе се расправаме, неизбежно е дека често ќе си одиме на нерви. Иако две личности можат неизмерно да се сакаат, љубовта не е секогаш лесна. Често ни се случува живот. Ние често сме нервозни, изнервирани, тажиме, погрешно ги разбираме луѓето, претпоставуваме работи во нашата глава. Соочени сме со конфликти и можеме да одлучиме да работиме да ги поправиме работите или да дозволиме да нѐ скршат. Одбирам да се движам напред.

Верувам во љубов која прифаќа. Љубов која не осудува. Љубов која ја прифаќа индивидуалноста. Сакам човек кој ќе ме сака, вклучувајќи ги тука и моите грешки, човек кој ќе ме прифати и поради работите кои не можам да ги контролирам, како минатото на пример, човек кој ќе го цени тоа што сум стигнала далеку и колку силно сум морала да се борам. Сакам тој да знае дека секогаш ќе ја има мојата поддршка, секогаш ќе се трудам да го развеселам, да го фатам кога ќе падне и дека безусловно го сакам.

Верувам во лојална љубов. Сакам да се чувствувам сигурно знаејќи дека нашата љубов е повеќе од доволна, дека никогаш нема да бара нешто друго или дека ќе остане со мене додека не најде нешто подобро.

Не се обидувам да најдам некој кого ќе го сакам или некој кој ќе ме сака. Нема да ловам љубов која би требало да се случи природно. Знам што очекувам од партнерот и знам што ќе му дадам. Јас ќе му ја дадам целата душа и нема да се помирам со љубов од љубовта во која верувам. А тоа е и љубовта која ќе ја чекам.