Oва е К-15: На своите вработени им исплати бонус од 10 милиони долари

Декември е месецот кога работниците ширум светот се радуваат на своите божиќни бонуси, а кај нас се чека популарниот К-15. Меѓутоа, основачот и директор на градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон, го крена повисоко скалилото за сите шефови ширум светот кога се во прашање овие бонуси.

Тој организирал божиќна забава за своите 198 вработени, каде објавил дека ќе им подели на своите работници неверојатни 10 милиони долари. Оние кои подолго работат за фирмата на Сент Џон добиле поголеми бонуси, а просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари.

Како и што се очекувало, дел од работниците воодушевени плачеле кога ги добиле црвените пликови во кои се наоѓал нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.