ОУ „Кузман Шапкарев” во Драчево доби прочистувач на воздух

Во Основното училиште „Кузман Шапкарев” во населбата Драчево е поставен прочистувач на воздух. Секретарот на Општината Александар Алексовски и директорката на ова училиште ги слушнаа деталите за работата на овој прочистувач од управителот на компанијата што го произведе. Имено, се работи за македонски продукт со голем капацитет кој прочистува 20 до 30 метри кубни амбиентален воздух во минута.

По Основното училиште „Кузман Шапкарев”, се планира прочистувачот да биде поставен и во други училишта во општината.

Секојдневно ќе се вршат мерења, а неделните извештаи ќе и помогнат на Општина Кисела Вода во изработката на стратегија за надминување на горливиот поблем со аерозагадувањето. За потсетување, оваа Општина веќе постави прочистувачи на воздух во сите градинки на својата територија.