Отворено писмо од интровертите до нивните екстровертни пријатели

Здраво наши пријатели,

Ние сме тие кои никогаш не креваат кога се јавувате, но кои ќе ви пратат порака штом завршите да ѕвоните. Ние сме тие кои понекогаш ќе се однесуваат како да не ве виделе при разминување, но кои ќе имаат кафе долги часови со вас неколку недели подоцна. Ние сме тие кои откажуваат во последен момент бидејќи се плашат од забавите, ние сме тие кои не ги сакаат гужвите.

Да ви објасниме нешто...

Кога ве избегнуваме, не сме заборавиле на вас. Ниту пак сакаме да ви испратиме порака дека сте згрешиле нешто. Тоа само значи дека нашата енергија е истрошена на неважни луѓе и нешта и немаме премногу енергија да поминеме време со вас. Ние сакаме квалитетно поминато време и длабоки разговори. Ние често се плашиме од премногу социјализирање бидејќи тоа за нас е преголем напор и нè истоштува.

Кога ќе кажеме дека не сакаме да одиме на некое фенси место, тоа само значи дека преферираме тивка околина во која луѓето не се туркаат и не се премногу гласни. Не сакаме да бидеме странците кои секогаш стојат на страна на некоја забава. А, премногу сме срамежливи да бидеме во центар на внимание.

Ако сакате да нè прашате како сме, ние сакаме вистински да го мислите тоа. Да сакате да поминете време со нас, слушајќи. Потоа, ние ќе бидеме одлични слушатели како и секогаш и ќе сакаме да слушнеме за вашиот ден. Но, не не брзајте и не не ставајте во ситуациии или носете на места кои ни создаваат стрес.

Ако сакате вистински да нè запознаете, прескокнете ги разговорите за времето и животот и направете напор да нè запознаете. Така ќе излеземе од својата школка и ќе се отвориме. Но, не се обидувајте да нè менувате. Немојте да мислите дека ние повеќе би сакале да бидеме екстровертни и гласни. Ние ја сакаме својата тишина и својот мир, својата интровертна сттана.

Јавете ни се кога ви е тешко, ние ќе бидеме тука за вас. Ќе ве утешиме, насмееме и смириме.

Само, прифатете нè такви какви што сме и не се прашувајте зошто сме такви. Ние сме интроверти.