Отворено писмо на една девојка до љубовницата на нејзиниот дечко: Ти благодарам што ми ги отвори очите!

Наместо навреди, Емили на многу оригинален начин решила да се справи со неверството на нејзиниот дечко и и упатила отворено писмо на љубовницата на својот веќе бивш дечко, заблагодарувајќи и се што ја спасила од врска која очигледно немала никаква иднина.

Ова е нејзиното писмо:

„За твое добро, нема да го кажам твоето име. А го знам. Добро го знам твоето име и не можам да го исфрлам од глава. Но, сакам да ти се обратам тебе, ти која ме повреди, ти која ми го одзема дечкото, ти која себично мислеше само на своја среќа. Сакам да ти се обратам и да ти кажам: Фала ти!

Никогаш не сме се сретнале, но знам дека сигурно знаеш која сум јас. Јас сум жената која ти ја спаси на најчудниот можен начин. Мојот дечко ме изневеруваше со тебе. Потребни ти беа друштвените мрежи за да дознаеш за мене.

Сега би можела да кажам: „Честитки, ти победи“ или дури „Вие се заслужувате еден со друг“, но нема. Јас ќе ти кажам само благодарам.

Ти сега би можела да помислиш дека те мразам затоа што на друга жена и го направи она од кое најмногу се плаши секоја жена, но јас не те мразам. Ми направи неверојатна услога, нешто што немав храброст да го направам сама.

Ти благодарам што ме ослободи. Ти благодарам што ме спаси од иднина полна со болка и лаги. Ти благодарам што ми помогна да го разоткријам неговото право лице низ вашите заеднички постапки. Ти благодарам што ми даваш причина за да се збогувам со најголема пречка со која некогаш сум се соочила. Ти благодарам што ми ја отвори вратата кон мојата иднина. 

Ти благодарам што ја презема вината, затоа што ми даде причина да си одам, ми даде причина за почнам одново. Ти благодарам што ме потсети дека вредам повеќе од лагите и измамите и дека не морам да трпам емоционално злоставување и трауми поради ова искуство. Ти благодарам што ми покажа дека мојот татко е секогаш во право и што направи повторно да почувствуам љубов и пријателство, нешто коешто го имав одамно заборавено.

Ти благодарам што ми покажа дека има и подобри начини за трошење на моето време и солзи. Ти благодарам што ме потсети дека јас сум никој и ништо без своите вредности во животот.

Ти благодарам што ми даде прилика повторно да доживеам прв состанок, уште еден прв бакнеж и нова прилика за искрена и исполнета љубовна врска. Ти благодарам што ме фрли на колена, што ме потсети како изгледа болката, затоа што без болката не можеме да ја разбереме убавината на оздравувањето.

Без лошото не можеме да го разбереме доброто. Без твоите сплетки немаше да го изгубам својот здив, но, заради тебе повторно научив да дишам.

Ти благодарам.

Најискрено,
Девојката на која и помогна да биде слободна.
Емили Фолк“

cheap nike free run 5.0