Отворено писмо до оние кои себеси секогаш се ставаат на последно место

Еден дел од луѓето се толку добри и наивни луѓе, така што се грижат многу повеќе за среќата и доброто на другите луѓе, и тоа многу повеќе отколку за својата. Тие луѓе сакаат да ги слушаат другите луѓе и да им помагаат, но забораваат да се сакаат и почитуваат себеси.

Заборавањето и игнорирањето на сопствените чувства не ни носи добро. Тоа придонесува кон стрес, болест, заборавеност, нарушени односи и депресија. Секој кој ги доживеал ваквите состојби знае дека тие се непријатни, но и дека носат проблеми во физичкото здравје. 

Затоа, заборавете малку на потребата постојано да бидете тука за другите луѓе. Дајте си дозвола да се позанимавате со сопствените потреби. Изберете да поработите на себеси, да ги препознаете своите чувства и емоции. 

Што можете да направите?

Дајте си себеси пауза кога ви е потребно тоа – дајте си љубов и упатете разбирање за самите себеси кога ќе сфатите дека не можете да направите сè за сите луѓе и во сите ситуации. Направете го тоа што морате да го направите, со радосно срце. Потоа, дишете и дадете си простор за да ги средите своите мисли. Најдете време за себе, најдете мир и внимавајте на вашите нивоа на енергија. 

Послушајте ја својата интуциија и бидете искрени кон себеси – не можеме да зборуваме со интегритет за животниот стил кој не го живееме. Слушнете го вашиот внатрешен глас. Слушнете се себеси. Што сакате да постигнете? Што сакате да направите? Самодовербата доаѓа кога правиме работи кои нè прават среќни. Иако помагањето на другите има огромна моќ да ве направи среќни, сепак сложувалката никогаш нема да биде целосна доколку се заборавите себеси.

Работете на оние нешта кои ве прават среќни – постои голема разлика меѓу празна измореност и исполнувачки замор. Животот е краток. Инвестирајте во активности (и односи со другите луѓе) кои ве исполнуват. На крајот на денот, добриот живот се базира на носењето одлука секојдневно да правиме нешто кое нè прави среќни. Изградете позитивни ритуали кои ја поддржуваат вашата среќа. 

Сите овие нешта се многу важни за поисполнето живеење. Затоа, правете повеќе работи кои ќе ви помогнат да се сакате повеќе себеси. Минувајте време размислувајќи за нештата кои ќе ви помогнат да се сакате себеси. Поминете време со луѓето кои ви помагаат повеќе да се сакате себеси.