Отворено писмо до мојот дечко кој е во брак со друга жена...

Седам сама покрај телефонот, чекам повторно да ме откачиш и се прашувам како воопшто стигнав дотука? Велат дека сум убава, успешна и ослободена од секаков товар, слободна да го имам секој маж кој посакувам. Сепак, седам и плачам за оној кој е веќе зафатен.

Навистина е глупаво од мене што го анализирам секој збор, прашувајќи се дали некогаш ќе бидеш мој. Навистина е неверојатно како успеа да ме бркаш се додека не се предадов на твојот шарм и тогаш сурово ме манипулираше и ме наведе да верувам дека „овојпат е различно“. Паметам како ми ја смири грижата на совеста со тоа што ме убеди колку е злобна твојата жена и колку нема љубов во твојот дом. Секако, очигледно не е толку злобна за да си заминеш.

Сепак, ја знам твојата игра и еве ме уште тука, седам, се нервирам, плачам, очајувам. Дали тоа те прави среќен? Дали се гордееш со тоа што ми ги скрати крилата и намерно ме зароби во сопствените мисли додека се уште се обидуваш со жената која велиш дека не ја сакаш? И тоа го сместуваш во обид, а сепак не прекинуваш со мене.

Дали ме сакаш? Барем малку? Малку ми делува дека пројде премногу време само за да биде поврзано со секс. Или можеби го посакуваше она што е спротивно од тоа што го имаш дома? Дали сега одеднаш се уморе од мене, сега кога барам нешто за возврат откако ти ја дадов мојата душа?

Многу е чудно тоа што еден човек може да прогонува друг со ништо повеќе од зборови или недостаток од зборови. Неверојатно е како можев да го поминам целиот живот како силна, независна, морална единка од ова општество само за да се срушам и изгубам се за еден миг. Да ме претвориш од личност која го мразеше неверството во личност која би уништила се што и стои на патот до нејзината „вистинска љубов.“

А сепак седам тука, повторно чекајќи го твоето одбивање, лојална до крај и непроменета во мојата љубов и грижа. Никогаш не очекував дека ќе искусам љубов која е толку длабока, но и толку непростлива. Страст која е толку интензивна, но и опасна. Копнеж кој посакувам да исчезне. Секоја минута која поминува е минута која води кој моето апсолутно уништување или пак можеби имам уште едн шанса да го спасам она што остана од мојата разрушена душа.

Една работа е сигурна, а тоа е дека никогаш не сум почувствувала љубов како оваа и се надевам дека никогаш нема да поминам низ ова повторно.