Оглас за вработување во НЛБ Банка

НЛБ Банка вработува „Развоен проектант” во Сектор за информатичка технологија

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит мегу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на позицијата: „Развоен проектант“.

Работната позиција ви нуди можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.

Во продолжение е описот на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

Опис на работното место:
Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
Менторство и пренос на знаења;
Учество во проектни групи.

Потребни минимум квалификации, вештини и способности:
Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
Познавање на системи за управување со бази на податоци;
Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 16 јануари 2017 година со избирање „Развоен проектант во Сектор за ИТ“ во полето оглас за кој се пријавувате.

Оглас за вработување во EВН (2 извршители)

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Куманово, Група 2 – Служба за корисници, бараме 2 извршители за позицијата:

ЕЛЕКТРОМОНТЕР (М/Ж)

Опис на работните задачи

Отчитување на податоци од мерни уреди,
Контрола на приклучоци и мерни места,
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа,
Замена на броила на корисници,
Водење на магацин за броила и евиденција на броила,
Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација поврзана со работните задолженија и работните задачи,
Помош при отстранување на дефекти во и надвор од работното време,
Поддршка на други групи и друг КЕЦ по потреба,
Откривање и пријавување на неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди,
Поддршка при обработка на одговори за претставки,барања, предлози од странки, корисници и потрошувачи,

Потребни квалификации и лични карактеристики

IV степен електротехничко образование – енергетика,
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност,
Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност,
Одлично познавање на албански јазик
Возачка дозвола,
Одговорност, лојалност, тимска работа,
Комуникативност, флексибилност.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs.evnelektrodistrubucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 15.01.2017.

Напомена:
Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)

КАРИЕРА ВО ЕВН
www.evn.mk

Продолжува на наредната страна..........