Отворена е реновираната Телеком продавница во Чаир

Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во Чаир. Со реновирањето во целост е променет изгледот на Телеком продавницата којашто доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности и современи мотиви карактеристични за поднебјето.

Сега продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè, пријатен амбиент за корисниците. На денот на отворањето на реновираната продавница во Чаир, Македонски Телеком подготви неколку изненадувања за своите корисници. Секој корисник кој на денот на отворањето на продавницата ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор има можност да купи мобилен телефон iPhone 6 во Smart M тарифата со попуст од 30 отсто, додека попустот во Smart L тарифата e дури 50 отсто. Дополнително, посетителите ги забавуваше музичката ѕвезда Адријан Гаџа, кои имаа и можност да се сликаат со дигитално огледало и да добијат бесплатна фотографија.

“Продавницата нуди сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците лесно ќе го најдат она што најмногу им одговара, согласно потребите и можностите. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт дополнително овозможува единствено корисничко искуство“, изјави Андреас Елснер, главен оперативен директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Преку овој овој концепт идејата на компанијата е што повеќе да се доближи до корисниците коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.