Отворен стрип конкурс – „Скопска стрип акција 2019“

Стрип центарот на Македонија – Велес објави конкурс за стрип автори на традиционалниот „Стрип фестивал-Скопска стрип акција“.

„Скопска стрип акција 2019“ се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје.

Право на учество имаат сите лица кои живеат или учат/студираат во главниот град, без разлика на полот и возраста.

Должината на стрипот треба да биде од една до шест табли на А4 формат, а доколку е на една страна треба да биде со најмалку пет сликички.

Tемата на стрипот е слободна, а секој автор може да учествува со само еден стрип. На еден стрип можат да работат повеќе автори.

Сите заинтересирани автори, заедно со стрипот треба да испратат лична биографија и називот на стрипот, најдоцна до 25 мај на stripkonkurs@gmail.com.

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија којашто ќе направи избор и ќе ги додели веќе востановените награди и признанија, а сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на завршната изложба во Дом на култура „Кочо Рацин“.