Отворен првиот фестивал „Недела на излозите“ во Скопје

„Недела на излозите’ е нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот.

Дваесет и пет студенти од Технолошко-металуршки и Архитектонски факултет во Скопје разубавија шест излози во центарот на градот, како дел од првото издание на фестивалот „Недела на излозите“, што ќе трае до вторник.

Преуредени се излозите на книжарниците „Култура“ и „Литература.мк“, часовничарот „Хронометар“, Театарот за деца и младинци и на продавницата за чоколада на швајцарскиот бренд „Линт“, како и пасажот до „Литература.мк“.

Основачи на фестивалот се модниот истражувач Кристина Глигоровска, архитектката Искра Јанковска-Михајловска и модната креаторка и професорка Лидија Георгиева, а е поддржан од Амбасадата на Швајцарија.