Отворен 17. „Синедејс“

Седумнаесеттиот Фестивал на европски филм „Синедејс“ синоќа беше отворен неформално, со забава во Младинскиот културен центар, со првата проекција – музичкиот документарец „Матанги/Маја/М.И.А“, а потоа и  концерт  на Нога Ерез од Израел – прв настан од музичката програма.

Фестивалот продолжува денеска со два филма од гала-програмата во „Милениум“ – „Остров на кучиња“ во режија на Вес Андерсон од 20 часот и „Белата врана“ режиран од Ралф Фајнс од 22 часот.

Во кино „Фросина“ се два фила од натпреварувачката програма на балкански филм СинеБалкан – турскиот „Арада“ (19.00)  и филмот „Брак“ (21.20) – копродукција на Косово и Албанија, пред кој ќе биде прикажан краткиот филм „Магнолија“ на Ана Опачиќ.

Ќе има и два филма од програмата Специјални проекции со почеток во 17 часот – „Хотел Југославија“ во „Фросина“ и „Хотел Гагарин“ во Џебното кино на МКЦ, каде што од 20 и од 22 часот ќе бидат прикажани и филмовите „Младешка осаменост“ на Клер Симов и музичкиот „Бети: велат дека сум поинаква“ во режија  на Филип Кокс.

Во концертната програма вечер од 23 часот е настапот на бендот од Берлин – „Тау“.