Општина Аеродром ги повикува граѓаните да не ги паркираат своите возила на тревници, плочници и пешачки патеки, како и да не паркираат на местата обележени за лица со хендикеп и најави отстранување на непорописно паркираните возила и казни за возачите.

Од општината најавуваат дека во следниот период нејзината комунална инспекциска служба во соработка со пајак-службата и ПС Аеродром ќе врши отстранување на непрописно паркираните возила и ќе им изрекува мандатни казни на возачите, кои ќе бидат фатени како непрописно ги паркираат своите моторни возила, или, пак, се движат по патеките.