Отстранета незаконски поставената тераса пред Мавровка

Инспекторатот на Општина Чаир ја отстрани незаконски поставената тераса на локалот “АМ Фонтана“

Екипите на Одделението за инспекциски надзор на Општина Чаир согласно законските прописи за дејствување против незаконски поставени објекти на јавните површини реализираа акција за отстранување на терасата на локалот “АМ Фонтана“.

На оваа локација Општина Чаир ќе изгради зелена зона во служба на посетителите на споменикот на Хасан Приштина.