Отровни луѓе кои не ви се потребни во животот!

Секој од нас познава барем една отровна личност која се што прави е црпење на вашата позитивна енергија и ширење на негативна енергија. Луѓето обично не сфаќаат дека имаат отровна личност во својот живот се додека не е предоцна, кога веќе се премногу вплеткани во нивната драма.

Во животот е важно да знаете да се справувате со различни типови луѓе, но не би требало да се дружите со оние кои постојано носат негативна енергија во вашиот живот. Поради нив нема да можете да се движите напред и ќе ви предизвикуваат стрес.

Постојат различни типови отровни луѓе, а ние пронајдовме седум:

1. Крвопиецот

Оваа личност секогаш е скршена и бара помош од некого. Додека сите проаѓаат низ лоши периоди, крвопиецот никогаш не излегува од нив. Често бара пари и услуги, но не сака никаков совет за тоа како да си го подобри животот. Во суштина ужива во таков драматичен живот и не сака да се потруди да промени нешто. 

2. Љубоморната личност

Ова е личност која никогаш не е среќна поради туѓите успеси затоа што е премногу нарцисоидна. Секогаш се прашува зошто баш тоа се случува или не се случува...

Љубоморната личност не сака да се труди и да се бори да  успее.  Како што времето проаѓа, оваа личност станува се пољубомона и огорчена.

3. Јас, јас и само јас....

Ова е човек заљубен во себе и зборува секогаш само за себе. Прашува за совет, ама не за да послуша, туку само за да го сврти вниманието кон себе.

Секогаш кога имате проблем магично ја снемува, затоа што во нејзините очи вие сте само алатка која служи за билдање его.

4. Жртвата

Жртвата е тешко да се препознае затоа што не можете, а да не сочувствувате со неа. Но, со текот на времето можете да забележите. Ќе забележите како не презема одговорност за своите дела и постојано мисли дека цел свет е против неа. Не сака да учи и да расте од тешките искуства, туку само да се самосожалува и да кука.

5. Радио Милева

Оваа личност е несигурна, сака внимание и прифаќање од луѓето. Сака драми, а не сака да биде вклучена во нив. Сака да ги гледа драмите од сигурна далечина.

Ова е човек кој е среќен само кога ќе создаде раздор меѓу другите, затоа што сака да се зближи со некого. Тргнете се од оваа личност затоа што никогаш не знаете кога ќе станете предмет на нејзиното оговарање.

6. Хормонална личност

Се работи за човек кој нема никаква контрола врз своите чувства и често гледаш како полудува или плаче на глас. Реагира без размислување и често се истура на своите пријатели и тоа без чувство на вина. Обично се извинува по нервниот слом, но не се менува. Секогаш кога е тажен/а ќе се истура на тебе.

7. Личноста која заглавила

Човек кој е среќен во својата стагнација и мрази промени, дури и кога е за негово добро. Сака вие да бидете личноста која сте биле порано, дури и ако сега сте посреќни и поуспешни. Ова е затоа што на оваа личност не и е многу грижа за вас, само не и се допаѓа тоа што заостанува зад сите  и се обидува сите луѓе околу себе да ги задржи на своето ниво.