До дечкото кому го дадов моето срце,

Во свет во кој сѐ е совршено, ти и јас ќе успеевме.

За жал, живееме во свет наречен реалност, а реалноста дека јас и ти бевме отровни еден за друг. Сфатив дека без оглед на тоа колку сакам некого, љубовта не е доволна. Љубовта не победува секогаш.

Вистината е дека треба да ти се лутам и сакам да не можам да те поднесам.

Но, не можам. Само се надевам дека еден ден ќе ја најдеш вистинската девојка и дека ќе ја најдеш онаа која ќе ги сака истите работи како и ти. Се надевам дека е трпелива, љубезна, се надевам дека е силна. Се надевам дека ќе и дозволиш да влезе во твојот живот и дека ќе биде делот кој ти недостасува. Се надевам дека ќе ја почитуваш. Се надевам дека никогаш нема да ја земеш здраво за готово. Дозволи и да те сака.

Ти секогаш, секогаш, ама баш секогаш ќе имаш место во мето срце и јас никогаш нема да можам да те мразам. Многу е тажно кога љубиш некој со сето срце, но едноставно патиштата не ви се вкрстуваат.

Тешка беше разделбата, но мислам дека вака ни е подобро. Се надевам дека еден ден ќе можеме да бидеме пријатели и само пријатели затоа што јас и ти како пар сме отровни. Кога сме заедно едноставно не сме истите луѓе. Кога сме разделени и двајцата сме посреќни, попозитивни и подобри луѓе.

Не сакам да мислам на лошото, наместо тоа, би сакала да мислам да убавите работи. Фала ти што заради тебе научив вредни животни лекции. Фала ти за сите спомени, ќе имам што да им кажувам на моите деца, кога ќе ги имам. Фала ти што постоиш.

Фала ти што ме научи никогаш да не се изгубам себеси поради друга личност. Сега знам какво е чувството кога се подготвен да направиш сѐ за некој друг и искрено никогаш не сакам да го имам тоа чувство.

Фала ти што секогаш ме туркаше и поттикнуваше да успеам. Фала ти што толку лесно ме пушти да си одам, знам дека не ти беше лесно и на тебе. Само знај дека никогаш не сакав да те повредам. Фала ти што ми дозволи да ти подарам дел од своето срце. И фала ти што беше момчето на кое му го подарив своето срце и кое ме сакаше се додека не се засакав себеси.