Откријте каков тип на мажи привлекувате врз основа на хороскопскиот знак

Хороскопот освен тоа што кажува многу за нас и за нашиот карактер, кажува и за тоа со какви луѓе се привлекуваме и какви луѓе најмногу ни одговараат. Па затоа не чекајте ниту еден момент повеќе и откријте какви мажи привлекувате врз основа на хороскопскиот знак!

Овен

Вашата немилосрдна амбициозност е доволна дури и самоуверениот партнер да се почувствува инфериорно. Но, луѓето кои се мотивирани како и вас, немаат проблем да бидат со вас во врска. Вие сте како Бијонсе која го заслужува својот Џеј Зи.

Бик

Вие привлекувате луѓе кои како и вие уживаат во убави работи во животот: претплата на кабловска, јадење нутела од тегла и во идеален случај со домашно милениче во близина, додека седите прегрнати на каучот.

Близнаци

Во вас ќе се загледаат токму оние кои се исто толку спонтани како и вие – на пример три недели нема да излезете од дома, па потоа спонтано ќе отидете на некоја авантура. Една работа е сигурна: со вас никогаш никому не му е досадно!

Рак

Вие не сте баш така отворени кон другите луѓе, па затоа личноста којашто ќе се заљуби во вас е токму онаа која ќе може со вас да ужива еден на еден – од долги прошетки до маратонски кафиња. Тоа ќе биде некој кој има врска со вашата работа или околината во којашто се движите.

Лав

Иако делувате малку арогантно, вистинската личност брзо ќе сфати дека тоа е само површина и дека вие всушност многу ги сакате другите луѓе. Личноста којашто ќе ви дели комплименти и која ќе ви се воодушевува е совршена за вас и тој човек можеби и не сфаќа дека за возврат ќе добие многу повеќе од вас.

Девица

Вие едноставно сакате да им помагате на луѓето и потребно ви е тоа чувство дека сте им потребни на другите. Затоа и ќе ја привлечете личноста на којашто сте и потребни и која нема да може да го замисли животот без вас. Како вистинска Девица, по стресниот ден на партнерот, нема додатно да го нервирате, туку ќе го одведете на пица. Како да не ве сакаат?

Останатите хороскопски знаци следуваат на втората страна...

Хороскопот освен тоа што кажува многу за нас и за нашиот карактер, кажува и за тоа со какви луѓе се привлекуваме и какви луѓе најмногу ни одговараат. Па затоа не чекајте ниту еден момент повеќе и откријте какви мажи привлекувате врз основа на хороскопскиот знак!

Вага

Вашата дипломатична природа најчесто е надополнета со мрзливост и тоа ве спречува да го направите првиотт чекор, но луѓето кои ќе ве сакаат се токму оние кои сакаат се да преиспитуваат, исто како и вас.

Скорпија

Скорпиите кога сакаат, сакаат 100%. Скорпиите привлекуваат луѓе кои патолошки се приврзуваат за нив и за кои не е срам да пратат 27 пораки по ред. А тоа не и смета ниту на Скорпијата, ниту пак на другиот човек, затоа што тие едноставно мораат да живеат еден за друг.

Стрелец

Да бидеме искрено, речиси и да не постои личност која не е привлечена од Стрелецот, со оглед на тоа дека ова е знак кој може да ја разбуди екстровертната личност од секого. Сепак, Стрелците највеќе привлекуваат срамежливи луѓе на кои им е потребна помош да се отворат и баш со вас да прават работи кои инаку никогаш не би ги направиле

Јарец

Вие сте опседнати со работата и ретко остварувате контакти, но многумина веднаш препознаваат дека сте ориентирани кон семејството и дека сте амбициозни. Некој кој го сака тоа ве сака и вас во пакет. На тој начин вие сте тим и за вас само небото е граница.

Водолија

Вие сте личност која мора секој настан да го прокоментира на Фејсбук, а додека другите ве напаѓаат дека сте хејтери, оние кои ќе ги привлечете ја гледаат тоталната спротивност, за нив сте најстраствената личност којашто сака работите да бидат што е можно подобри.

Риби

Понекогаш сте премногу ранливи за модерниот свет, но и покрај тоа произведувате неверојатно  многу страст и стабилност и привлекувате луѓе кои имаат благ карактер и кои се многу љубезни.