Откажан концертот на Placebo во Скопје

Концертот на Placebo во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот се откажува. Дуото ги откажа сите концерти во рамки на нивната турнеја, информираат од „Авалон“ продукција.

„Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември. Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27 мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите“, велат од продукцијата.