Откако ќе ги прифатите овие сурови вистини за животот, ќе бидете многу посилна личност

Ако го отворивте текстот за да ги добиете истите клише и розеви совети за животот, вие сте на погрешно место. Овие седум сурови вистини можеби не се најубави за слушање и читање, но со сигурност ќе ви помогнат да ја согледате реалноста и ќе ви помогнат да си го средите животот.

Уморни сте од се? Продолжете со читање.

Другите немаат обврска да ве оправаат, па затоа направете го тоа самите

Ви недостига нешто? Најдете го. Не се чувствувате убаво? Најдете нешто што ќе ве прави среќни.
Престанете да чекате да добиете на лото или да го чекате принцот на бел коњ за да ве спаси. Вие сте оформени личности, размислете за тоа што сакате да правите и потоа излезете и трудете се да го добиете тоа.

Ништо не е совршено

Не е време за деца.
Ризично е сега да почнувам бизнис.
Не можам да почнам да се гледам со мажи додека не ослабам.

Ало, ако чекате да дојде вистинското време, вистинското место или вистинската ситуација, се што ќе дочекате е да се гледате себеси како лежите на смртна постела со огромна листа на каења за работи кои сте сакале да ги направите и никогаш не сте ги направиле.

Вистинското време е сега, па затоа станете и земете го тоа што го сакате.

Сигурно ќе доживеете неуспех во животот

„Единствен начин да избегнеш критика е да не правиш ништо, да не збориш ништо и да бидеш ништо.“ – Аристотел

Неуспехот е нормална и природна работа и им се случува на сите.

Да, вие ќе направите будала од себеси.
Да, ќе носите ужасни одлуки.
Да, ќе ги бакнете погрешните луѓе.
Да, ќе правите грешки и ќе се каете за тоа.

Тоа е сосема океј, но кога ќе паднете, тогаш истресете ја прашината од вас, станете и продолжите да одите. Не престанувајте да живеете само затоа што не ви успеало првиот пат.

Не можете да го промените минатото

Да, ова е тешко да се прифати, но факт е дека колку и да се обидувате, едноставно е невозможно одново да го напишете минатото. Не го трошете времето во самосожалување и тажење за вашите каења и грешки, наместо тоа фокусирајте се наиднината и почнете да преземате позитивни чекори за да ги постигнете вашите цели.

Утрото не доаѓа за сите

Стив Џобс го кажал тоа најубаво:

„Самата помисла на тоа дека наскоро ќе умрам е најдобрата алатка која сум ја сретнал која ми помогна да ги донесам големите животни одлуки. Затоа што речиси се: сите надворешни очекувања, гордоста, целиот страв од посрамување и неуспех – сето ова избледува пред лицето на смртта, оставајќи го само она што е навистина важно.“

Луѓето ги удира автобус, имаат собраќајќи, имаат срцеви удари. Не го одложувајте за утре она што можете да го направите денес, затоа што некои луѓе никогаш нема да го доживеат тоа утре.

Тоа што сте зафатени не значи дека сте продуктивни

Некои луѓе живеат за да се фалат колу се зафатени, но ако убаво ги анализирате нивните постапки, ќе сфатите дека ако повеќе се фокусираат на завршување на задачите наместо на нервирањето за тоа колку обврски имаат, тие не би биле толку зафатени.

Работете поитро, а не понапорно. Направете листа од се што треба да направите, ставете ги најитните работи на врвот на листата и фрлете се на работа. Оставете ги социјалните мрежи и се останато што ви го одвлекува вниманието и завршете ги работите. Без изговори.

Имате време, прекинете да им велите на другите дека немате

„Немам време“ е толку често употребувана реченица што веќе стана реченица без никакво значење. Колку време поминувате на социјалните мрежи? Гледате телевизија или серии? Гледате слики на телефонот? Зборите со вашите колеги?

Ние ги пополнуваме нашите денови со дистракции, препознајте ги своите, ограничете го времето кое го поминувате со нив и одеднаш ќе видите дека имате многу повеќе време отколку што сте мислеле.

Сега откако ја добивте суровата вистина, ќе почнете ли денес да ги применувате овие работи?