Освежителна вода од ѓумбир која ги топи масните наслаги

На сите ни е познат ѓумбирот, но ретко кој од нас размислува за одличните состојки кои тој ги содржи. Ѓумбирот има огромна моќ за чистење на организмот од сите токсини  кои се внесуваат преку храната, алкохолот, хемикалиите и зрачењето.

Тој може да ни помогне да го доведеме нашето здравје во одлична состојба, бидејќи ја чисти крвта, го подобрува варењето и го исфрла се она што не добро за нашиот организам. Освен тоа, тој има огромна моќ да ни помогне да се ослободиме од масните наслаги.

Затоа, пробајте ја водата од ѓумбир.

Потребни состојки:

2 л. Вода

2 супени лажици изрендан (или ситно исечкан) ѓумбир

Начин на подготовка:

- Прелијте го изренданиот (исечканиот ) ѓумбир со зовриена вода.

 - Оставете го напитокот да отстои околу 5-6 часа. Најдобро е тоа да биде во текот на ноќта.

 - Процедете.

За вкус можете да додадете цеден лимон и малку мед.

Конзумирајте ја во текот на денот околу 2 месеци, а потоа направете пауза од 2 недели, па по желба можете повторно да продолжите. Таа ни помага да се освежиме во текот на летните денови, а освен тоа ќе ни помогне да имаме добро расположение, убав тен и изглед.

Треба да се напомене дека оваа вода не е препорачлива за оние кои имаат проблеми со желудникот.