Освежителна салата за топлите денови која ќе ви замени цел оброк

Во текот на летните месеци неопходна е лесна исхрана која сепак овозможува доволна енергија за да издржиме во напорните денови.

Состојки:

1 пакетче макарони

1 шолја мајонез

¼ шолја бел оцет

малку шеќер

2 ипол супени лажици сенф

1 ипол лажичка сол

половина лажичка бибер

1 поголем кромид

2 целери

1 морков

1 зелена пиперка

Подготовка:

Во посолеа вода сварете ги макароните. Исцедете и измијте ги со ладна вода.

Во голема чинија помешајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, солта и биберот, додадете го кромидот, целерот, зелената пиперка и морковот. Потоа оваа смеса соединете ја со сварените макарони. Оставете во фрижидер четири часа пред послужување, пожелно е дури и  да отстои цела ноќ во фрижидер.