Освен во Аеродром, зависниците ќе примаат терапија и во Ѓорче - граѓаните реагираат!

Освен во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, зависници својата терепија ќе ја примаат и во поликлиниката Чаир, во населбата Ченто, во Ѓорче Петров, во Шуто Оризари и во болницата во с. Бардовци. Според планот на Mинисерството за здравство секоја голема населба ќе мора да овозможи терпија на околу стотина зависници. Ова денес во изјава за медиумите го откри Венко Филипче, Министер за здравство. 

Филипче идејата ја црпи од искуствата на земји од Eвропската унија. Целта му e зависниците да не се чувстуваат маргиналзиирани и гетоизирани. Додека не заживеат плановите на министерот, полицајци ќе ги обезбедуваат клинките кои ќе добијат пациенти- зависници.

Но, граѓаните од сите општини негодуваат на ваквите најави. На ваквата идеја на Министерот денес со реакција се јавија жителите на општината Ѓорче Петров. Тие преку фејсбук страница до министерот упатија неколку прашања. 

„Со сета почит кон оваа категорија луѓе, прашуваме колку ќе чини објектот, каде ќе биде лоциран и кој дал дозвола за ваков објект во општина Ѓорче Петров, велат тие во објавата.  Дополнително во објавата го прашуваат министерот каде во програмата на владејачката партија стои дека ваков центар за зависници ќе биде изграден во Ѓорче. 

Во минатото во неколку наврати беше споменато дека поранешната фабрика „Скопјанка“ во скопската населба Волково ќе биде пренеменета во Центар за зависници, но од Министерството за здравство тогаш ја демантираа оваа информација.