Осумнаесет сообраќајки за два дена во Скопје

Сообраќајната полиција изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје изврши увид на 18 сообраќајни незгоди.

Вчера се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири со последица материјална штета, а три со телесни повреди во кои полесни здобиле три лица, додека завчера биле евидентирани 11 незгоди од кои две со материјална штета, а девет со телесни повреди во кои полесни здобиле 16 лица.

Изминатите три дена се преземените мерки кон 16 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца се исклучени од сообраќај зашто возеле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено, на 28 сообраќајната дозвола им била со истечена важност или биле без возачка дозвола, 22 за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон, а 42 биле непрописно паркирани.

Во однос на непрописно паркираните, со пајак служба се отстранети вкупно 63 возила.

Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Возачи на ПМВ (мобилен, појас).

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „25 Мај“ објекти „Пони“ и „Морковче“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.