Осуммесечниот Ангел од Ѓорче Петров заминува на операција во Турција

Собрани се потребните 15 илјади евра за операција на малиот Ангел во Истанбул кој боледува од краниосиностоза. На 20-ти јануари семејството патува за Турција.

-Денеска во мојот кабинет ги испратив со желба Ангел побрзо да оздрави и да се видиме штом се вратат.  Им донирав симболична сума од мојата плата. Јас како градоначалник и општина Ѓорче Петров и понатаму ќе излегуваме во пресрет на наши сограѓани кои имаат потреба од помош – рече градоначалникот Александар Наумоски.

Тој изрази голема благодарност до фирмите и граѓаните од Ѓорче Петров, но и пошироко кои се одзваа на апелите и донираа за Ангел. Повторно покажавме општествена одговорност и хуманост.