Оставете го минатото позади себе, ништо не можете да промените

Кога ќе погледнеме позади себе, сигурно постои период од животот во кој како лав сме се бореле со минатото, но прашањето е дали успешно сме се избориле?

Постојат грешки кои сме ги направиле, а за кои и денес жалиме и се каеме. Можеби чекаме да се сменат нештата сами од себе, можеби постојано посакуваме да го вратиме времето, можеби и забораваме на сегашноста и иднината. Но, тоа не ни е потребно.

За да живееме среќен живот, односно онаков каков што го заслужуваме, мораме да се фокусираме на сегашноста. Мораме да научиме да го пуштиме минатото, да живееме во сегашноста и во неа да се бориме за себе и за луѓето кои ни значат. Иако звучи комплицирано и тешко за многумина, сепак минатото мораме да го оставиме позади себе. Така ќе се чувствуваме полесно и посреќно.

Осврнете се на приказната која и натаму ве боли

Можеби е потребно да ја преживеете болката која ви предизвикува слабост, за да можете да продолжите понатаму. Морате да се соочите со минатото, со ситуациите кои се случиле и да сфатите дека сте го направиле тоа и веќе не можете да ја промените ситуацијата.

Бидејќи кога постојано се навраќате во минатото, таквата несигурност ја манифестирате во сегашниот момент, што не ви дава можност да уживате во убавите мигови, да немате мир.

Кога ќе се осврнете на вашата болна приказна и ќе ја доживеете за последен пат, ќе можете да продолжите понатаму.

Научете да живеете во сегашноста

Сфатете дека единственото нешто над што имате контрола е сегашниот момент. Отворете ги очите и ако сакате да бидете посреќни, борете се за тоа. Се останато ќе ви создаде само непријатност и болка, но тоа е нешто над што немате никакво влијание.

Има денови кога едноставно треба да се потсетите дека животот е убав. А, кога ќе ја спознаете убавината на сегашниот момент, ќе заборавите на минатото.