Останатото зеленило на удар: Пресечено дрво вчера кај ул. Македонија

На крајот на улица Македонија, во строгиот центар на Скопје, вчера минувачите биле сведоци на сечење на дрво. Како што јавија домашните медиуми, МВР наредило да се исече ова дрво.

И додека скопјани постојано реагираат и се жалат на недостигот на зеленило во главниот град, како и константниот проблем со енормно загадениот воздух во зимските месеци, се чини дека надлежните немаат слух, па повторно „на удар“ е и она малку зеленило кое остана во Скопје.