Осми април неработен ден за граѓаните од ромската заедница

Сабота, 8 април 2017 година - Меѓународниот ден на Ромите согласно Законот за празници е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 

Од Министерството им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите на припадниците на ромската заедница во Република Македонија.