Османи: Денеска бројката е уште повознемирувачка!

Вицепремиерот Бујар Османи утрово предупреди дека денеска бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.

„Можноста да се биде позитивен или да се биде во контакт со некој кој е позитивен во последниве неколку денови е мошне голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни или како да е позитивен секој со кого контактирате. Не треба многу за да се заштитите: не им верувајте на теориите на заговор, маската ја намалува трансмисијата за 79%, не предизвикувајте смрт на вашите роднини“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Во П.С. тој напиша: Денеска бројката е уште повознемирувачка!