Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, во САД, што се одржува од 29 март до 9 април годинава.

Како што информираат од продукцијата „Партизанс” филмот „Ослободување на Скопје” ќе биде дел од натпреварувачката програма каде учество ќе земат над 400 играни филмови.

„Ослободување на Скопје” е ко-продукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, а главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.