Ослободи се од сѐ што ти го одзема мирот и почни да живееш поедноставен живот

Што е она што луѓето го заробиле во тебе? Ослободи се од тоа! Сите оние работи кои ти ги направиле и зборувале, сите тие облици на непочитување, потценување и омаловажување, во тебе оставиле рана. А потоа повеќе не си сакал да излезе тоа на површина, ниту пак некогаш повторно да се појави во твоите мисли и ти сосема си го поттиснал тоа во себеси. Не си оставил простор да размислување и убавина, време за игра и опуштање, затоа што си се плашел дека тоа ќе ти се врати како бумеранг. 

Што е она што луѓето го заробиле во тебе? Ослободи се од тоа! Дозволи на површина да излезе сѐ она што го зборувале за тебе и сметај дека тоа е едно завршено поглавје од твојот живот. Нивна лоша улога. Можеби тие исто така мислат и за себе, ги поткопале своите соништа и идеали и истото сакаат да го направат и со твоите. Немаат визија за својот живот, па сакале да ја уништат и твојата. Сфати дека ти не си она што тие велат дека си, тоа е нивен проблем кој останува во нивната глава.

Ослободи се од сѐ она што тие го заробиле во тебе, стравовите, сомнежите, несигурностите, сѐ она што дошло од нивниот свет, а ти си го прелеал во својот. Ќе видиш колку ќе ти стане полесен животот кога ќе почнеш да се мачиш само со своите проблеми додека на крај и нив не ги отфрлиш сосема. Нема пат кон подобар живот сѐ додека од себе не го извлечеш сѐ она што те ранува и те прави некаква личност од која не си задоволен. 

Ослободи се од сѐ што ти го одзема мирот, ослободи се за конечно да можеш да ги чувствуваш оние чувства кои си ги имал како дете кога не си се прашувал каков требаш да бидеш и како треба да се однесуваш. 

Сѐ она што е заробено во тебе мора некогаш некаде да излезе и подобро е самиот да го отстраниш тоа во моментите кога никој околу тебе. Ослободи се од сѐ што луѓето заробиле во тебе и сфати колку убавина може да има во животот.