Ослободете се од погрешната личност за да може вистинската личност да влезе во вашиот живот

Сите можеме да дојдеме до момент во животот кога ни е тешко да се ослободиме од некој кој мислиме дека го сакаме. Ако го читате ова и имате некој посебен во вашиот живот и кој не се однесува добро кон вас, ве молам направете си услуга и ослободете се од нив.

Ако се врзете за некој кој не се однесува добро и се однесува како да не му е грижа за вас, тоа прави повеќе штета отколку што мислите.

Заслужувате некој кој секој ден ќе ве прави среќни, а не луѓе кои без волја ќе ве прашуваат како ви поминал денот.

Ако подолго време се држите за погрешните луѓе, можеби ќе ја пропуштите љубовта на вашиот живот.

Не ме сфаќајте погрешно, знам колку е тешко да се напушти отровна врска. Но, вие го можете тоа и ви гарантирам дека ќе ви биде подобро без таа врска.

Сфаќам и дека во моментов си мислите дека ќе се променат, дека еден ден ќе се разбудите и вашата врска одеднаш ќе стане совршена. Нема. Луѓето не се менуваат освен ако самите не сакаат и ако навистина и самите гледаат проблем во нивното однесување.

Но, ако чувствувате дека не се грижат, зошто да останете во таква врска? Зошто си го трошите времето?

Претпоставувам дека веројатно сте се откажале од многу работи поради таа врска и треба да се запрашате што сте постинале со тоа. Најопасната работа која можете да си ја направите самите на себе е да го дадете своето срце на луѓе кои не ве почитуваат и кои ве земаат здраво за готово.

Затоа што некаде таму постои некоја личност која сака да ве третира со почит и личност која ќе биде совршена за вас.

Не се задржувајте. Не си го трошете драгоценото време со луѓе кои не ве прават среќни. Имате избор. Можете да си отидете и да ја пронајдете својата среќа.

Љубовта ќе ве пронајде кога ќе бидете подготвени. Првиот чекор е да ја пронајдете среќата во себе.