Ослободете се од главоболката за само две минути

Доколку имате силна главоболка и висок крвен притисок, не фрлајте пари на апчиња против болка, туку испробајте го овој едноставен трик од народната медицина.

Главоболката често е предизвикана од преработена храна и пијалоци, како газираните засладени сокови, алкохолот, итн. Исто така претераното конзумирањето сол често предизвикува зголемен крвен пристисок и отоци, но овие облоги навистина помагаат. Тие поттикнуваат извлекување на вишокот течности од организмот.

Потребно е:
Газа
2 лажички сол
250 мл. вода

Подготовка:
- 8 пати превиткајте ја газата за да добиете парче ткаенина која ќе биде во големина на вашето чело.
- Ставете ги двете лажички сол во топла вода.
- Измијте го челото, ушите и вратот со топлата вода, натопете ја газата со растворот, исцедете го вишокот па нанесете го на челото, ушите и вратот. Подобро е да лежите додека растворот не почне да делува и болката попушти.
- Набргу ќе почувствувате олеснување, но лежете полни 20 минути со облогата, па потоа исперете го челото, ушите и вратот.