Ослабнете јадејќи сланина

Последните заклучоци на нутриционистите велат дека сланината е сосема неправедно ставена на листата намирници кои се сметаат за нездрави или дека дебелеат. 

Сланината е одличен извор на енергија и создава чувство на ситост. Лошиот глас кој го бие овој специјалитет, веројатно доаѓа поради тоа што има големи масни наслаги врз месото, за кои се смета дека се предизвикувачи на срцеви заболувања и удари. Меѓутоа, за споредба, морските плодови имаат многу повеќе холестерол од сланината. Тоа мора да се земе в предвид, доколку ја избегнуваме сланината со изговор дека создава вишок на триглицериди, холестерол и здравствени проблеми. 

Во просек, во сланината се содржат само 2% лоши незаситени масти, а мононезаситени масни киселини има и до три пати повеќе од концентрацијата во морските плодови. Според некои нутриционисти, таа е сосема во ред да се косумира и доколку држите диета. 

Организмот е програмиран да ја задржи во себе резервата на масти која ја акумилира со време, па кога ќе започнете диета, тој не дозволува резервите брзо да се испразнат. Единствено битен е начинот на подготовка. 

Важно е да се исфрли маснотијата при варење. Првата вода во која би ја вареле сланината исфрлете ја и заменете ја со нова. Доколку сакате термички да ја обработувате, потребно е да ја исушите.