Осквернавени пет гроба во Ѓорче

Во 11 часот и 40 минути било пријавено дека на гробиштата во Ѓорче Петров, во периодот од 18 до 22 месецов, непознат сторител извршил сквернавење на пет гробни места. Од гробовите украл пет надгробни мермерни плочи, а биле оштетени и неколку други надгробни споменици.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на монструмот и за целосно расчистување на случајот.