Оружена пресметка во Сингелиќ

На улицата „Алија Авдовиќ“ вчера во 10 часот и 35 минути се одвивала драма кога С.А. од Скопје во близина на чајџилница, бил физички нападнат со неговиот брат А.А. од страна на неколку непознати лица.

Насилниците во еден момент пукале со пиштол кон неговиот брат кој бил во автомобил,  по што избегале.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека непознато лице кое управувало возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, излегло од возилото и се доближило до возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, по што  почнало да пука со пиштол кон возилото во кое биле браќата. А.А. се здобил со прострелна рана во пределот на левото рамо.

Лицата од  автомобилот„Голф“ возвратиле на пукањето. 

Се работи на расчистување на случајот.