Опуштете се и едноставно бидете среќни!

Пред некое време нешто навистина чудно се случи во мојот живот. Излегов сама во едно кафуле (тоа не е чудниот дел) и до мене седеше еден пар кој не престана да се лигави, бакнува и допира.

Дечкото цело време ја држеше девојката за половина, ама цело време. Имаше еден период кога јадеше сендвич со една рака, а со другата ја држеше девојката за половина.

Како што продолжив да гледам, тие немаа поим што се случува околу нив. Се однесуваа како да се сами во кафулето. Како воопшто да не беа во јавност. Само тој и таа без ниту една грижа на светот.

Се прашував дали очите ги печеа и кој победи во тој натпревар на зјапање? Дали ако продолжеа да си се смешкаа, лицата ќе им останаа така. Дури имаа и смешни нагалени имиња.

Одвратно беше!

Да бидам искрена, не беше ич одвратно.

Што се случува со мене?

Генерално прва сум да превртувам со очи во вакви околности. Тоа не е затоа што сум несреќна што другите се среќни. Јас сум пресреќна за моите омажени другарки, за другарот кој се пресели во друга држава само за да биде девојката којашто ја сака.

Јас љубам исто како што и љубат другите луѓе. Но, претпоставувам дека сум и скептик. Секогаш сум била таква.

Иако имав кратки врски, долги врски, врски кои излегоа дека не се врски, сакам да верувам дека знам по нешто за здрави, среќни и долговечни врски. Но, да си бидам искрена, навистина немам поим.

Не викам дека моите минати врски беа ужасни или нездрави. Но, секогаш имаше нешто што недостига. Знам да верувам дека тоа е затоа што не бев секогаш третирана како што заслужувам и секогаш јас бев таа која што се трудеше повеќе или едноставно дека се развивавме во различни правци.

Иако тоа донекаде е точно, сепак верувам дека има една главна причина поради која моите врски пропаѓаа:

ЈАС.

Не ме сфаќајте погрешно, јас сум супер, ама дури и најдобрите луѓе треба да застанат и да признаат дека имаат проблем.

Јас тврдам дека мразам гушкање, но ќе се нервирам затоа што меѓу нас има перница додека спиеме.

Ќе се тргнам кога ќе се обиде да ми ја фати раката, а потоа ќе претпоставам дека не се труди повеќе затоа што не е заинтересиран.

Мака ќе мачам да го натерам да ми се отвори, но колку повеќе се отвора помалку му верувам.

Ќе го поттикнувам да ме предизвикува, но по првата голема караница јас го гледам крајот.

Јас сакам внимание, но кога ќе добијам премногу внимание, ќе тврдам дека ме гуши.

Како и да е, уморна сум.

Единствена личност која стои на патот кон мојата среќа сум самата јас.

Но, знаете што?

Пред некое време се опуштив, се ослободив и сега сум неверојатно среќна.

Понекогаш се уште се чувствувам непријатно кога дечко ми ќе ми ја отвори вратата од автомобилот (кавалерството не е мртво, драги пријатели).

Ми требаше долго време да престанам да правам фаци кога ќе ме наречеше „злато“ и „мила“ и ретко знам да прифатам комплимент како човек.

Се истоштувам кога зборувам за чувства и понекогаш се блокирам кога работите се пререални.

Се уште имам да учам и не е секогаш лесно. Но, тоа што имав ѕидови не ми помагаше, само ме криеше.

А се што е супер не треба да биде скриено.