Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска одржа брифинг со новинари, на кој презентираше 12 краткорочни и долгорочни мерки против загаденоста на воздухот.
Притоа, тој посочи дека Општина Аеродром за 20 пати го зголеми Буџетот за заштита на животната средина, во споредба со минатата година. Конкретно, оваа година, како што рече градоначалникот Марин, имаме алоцирано 20 милиони денари за заштита на животна средина:
До крајот на годинава ќе се постават прочистувачи на воздух во сите 9 занимални во детската градинка „Сонце“ како донација од АД Електрани на Македонија, додека на почетокот на 2018 година, Општината ќе обезбеди прочистувачи на воздух за сите други градинки во Аеродром со средства од сопствениот Буџет.
Мерка којашто е на сила од 29-ти ноември. Општинските инспектори работат во две смени, и викенди и тоа од 08:30 до 22:00 часот.
Дополнително, Општината спроведе редовни и вонредни контроли на автосервисите на територијата на Аеродром. Конкретно, извршен е надзор на 28 автосервиси и е констатирано дека сите имаат договори за преземање на маслото и посебни садови каде што го складираат.
Исто така, се вршат вонредни и редовни контроли на градилиштата на територијата на Општината.
Во моментов се врши и контрола врз сите угостителски објекти на територија на Општина Аеродром, со цел да се обезбеди евиденција за начинот на греење за секој од нив и да се утврди дали ги исполнуваат потребните еколошки критериуми.
Со помош на мобилна мерна станица ќе се мери квалитетот на амбиенталниот воздух на 25 локации во Општината, со цел да се утврад изворите на загадување. Соодветно добиените резултати, според можностите и во договор со секое домаќинство, Општината ќе ги нуди следните решенија:
За набавка на нови дрвја Општината предвиде 8 милиони денари.
Ќе се поставува еко-билборд на платото пред ТЦ „Бисер“ како донација од „Триглав осигурување“ и „Еко свест“), а се разгледуваат и други локации. Станува збор за иновативна вертикална структура од мов, која претставува комбинација од специфични култури на мов со васкуларни растенија кои ја собираат ситната прашина (ПМ10 и ПМ 2,5), азотни оксиди и озон. Исто така, неутрализира 240 тони CO2 годишно, го компензира загадувањето од 471 автомобили на годишно ниво и има ефект како 275 дрвја.
Соработка меѓу скопските општини, Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање за интегриран пристап во борбата против загадувањето и поефикасно работење на инспекциските служби.
Санкции за неодговорно одржување на јавните површини околу градилиштата. Доколку два последователни дена ПМ10 честички се присутни со над 200 µg/m3 (микрограми на метар кубен), ограничување на работите на објектите каде што се гради.
Во тек се преговори со Министерство за животна средина и просторно планирање и UNDP за реализација на таканаречена улица со „нула емисии“, која вклучува промена на системи за греење и обезбедување енергетска ефикасност на одбрани објекти.
На крајот градоначалникот Марин нагласи дека покрај овие мерки, Општината ќе ги следи и препораките на Владата доколку два последователни дена ПМ10 честички се присутни со над 200 µg/m3 (микрограми на метар кубен).