Општина Кисела Вода во должина од околу 3 километри на бул. „Борис Трајковски“ ја кастри нараснатата вегетација

Општина Кисела Вода со цел да овозможи безбедно и непречено движење на пешаците и велосипедистите на тротоарите започна голема акција за кастрење на нараснатата вегетација по целата должина на бул. „Борис Трајковски“.

За успешно одвивање на активностите, акцијата ја спроведуваат голем број сезонски работници на Општината.

Локалната самоуправа продолжува да работи во насока на подобрување на условите за живот на сите граѓани.