Општина Кисела Вода, ХОПС и Доверба го исчистија отпадот кај Центарот за зависности

Општина Кисела Вода во соработка со невладините организации ХОПС и Доверба спроведоа голема акција за расчистување на отпадот одложен кај Центарот за зависности.

Сезонските работници на Општината извршија целосно расчитување на комуналниот отпад, додека членовите на невладините организации го исчистија медицинскиот отпад.

Локалната самоуправа продолжува со редовните активности за одржување на јавните површини на својата територија.