Советот на општина Карпош одобри финансиски средства за летување на ученици од семејства во потешка материјална состојба кои се жители на општината.

Четириесет и пет граѓани, жители на Карпош 3 и Карпош 4, и оваа година ќе добијат бесплатно паркирање во Трговскиот центар Скопје Сити мол. Бесплатен паркинг добиваат граѓаните кои живеат во непосредна близина на прометниот трговски центар.

Советниците ги усвоија заклучоците за усвојувањето на Годишниот извештај за работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2016/2017 година. Исто така, се усвои Годишната програма за работата на општинските основни училишта за учебната 2017/2018 година.

Советниците во Советот на Општина Карпош ги усвоија мислењата за изведување ученички екскурзии и други ученички активности во училиштата во Општина Карпош за учебната 2017/2018 година. Советниците го усвоија предлогот за разрешување и именување членови во училишниот одбор во училиштата: ООУ „ Аврам Писевски“, „Братство“, „Вера Циривири Трена“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Петар Поп Арсов“, и „Христијан Тодоровски- Карпош“.

Советниците дадоа „виза“ за определување стипендии за талентирани ученици, од основните општински училишта во Карпош за учебната 2017/2018 година. На оваа седумдесетта седница на Советот помина и одлуката одобрување финансиски средства за летување на ученици од семејства во потешка материјална состојба кои се жители на Општина Карпош.