Општина Карпош ќе додели еднократна финансиска помош на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Карпош со одлука на Советот на локалната самоуправа ќе додели околу 500.000 денари еднократна финансиска помош за своите сограѓани, кои спаѓаат во оваа категорија на лица.

Членовите на Советот, исто така, на денешната седница одобрија 100.000 денари финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи, додека на Пливачкиот клуб „ АКВА ПРО АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски“ за организација на новогодишен пливачки натпревар „ Аква Про- Дедо Мраз“ ќе бидат доделени 100.000 денари парична поддршка.