Општина Карпош ќе дава финансиска помош на граѓани за лекување во странство

На шеесет и деветтата седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно 25 точки на дневниот ред.

Со одлука на Советот, се одобрија барањата за финансиска помош за лекување во странство, доставени од граѓани на Карпош на кои им е потребна таков вид на помош.

Исто така со одлука на советниците ќе се постави нов лифт во колективниот станбен објкет на улица Франлин Рузвелт број 63- а, влез 2, додека за реконструкција - ремонт и замена на стар со нов мал лифт на Булевар Партизански одреди број 64- б, влез 1 и број 153 ќе се одвојат финансиски средства од буџетот на локалната самоуправа.